Saturday, October 18, 2014

Архангел - Небесна Машина

Срце чекан в гради толчи,
не му верувам.
Враќам се од почеток
и одново проверувам.
Умот молчи не мисли,
мртов е нема функција.
Можеби се е јасно?
Можеби не те разбирам?

И со збор и со дело
сега сфаќам сега знам.
Јас и ти еден ум и тело
богочовек
небесна машина...

Сиот простор сето време
се е илузија.
Бог е баланс, точка нула
состојба совршена.
Ти си смисол, ти си значај
ти си моја суштина.
Лик и облик, божје дело
ѕвездена прашина.

Сиот живот. Сето време
барам доказ, твое присуство.
Господи ние сме љубови од една цела...

И со збор и со дело
сега сфаќам сега знам.
Јас и ти еден ум и тело
богочовек
небесна машина...

No comments:

Post a Comment